Свет
20. јуни 2017 - 16:09

Мексиканските безбедносни служби прислушувале новинари, активисти и адвокати

Десетици угледни мексикански новинари, активисти кои водат кампања против корупцијата, како и адвокати покренаа процес против владата на Мексико и нејзните безбедносни агенции, за илегално шпионирање, прислушување и хакирање на нивните мобилни телефони.

Процесот против владините служби бил покренат откако некои американски медиуми открија дека биле цел на надгледување и прислушување, според техниката што властите ја користат за криминалци и за терористи.

Во тек е детална форензичка анализа , за да се утврди каков софтвер бил користен против сите оние во Мексико за кои се знае дека се остри критичари на владината политика.

Претставник на владата во Меиксико Сити денеска ги отфрли сите вакви обвинувања како неоточни и невистинии.

Медиумите во САД кои го истажуваат хакирањето и прислушувањето, како појава од пошироки размери, тврдат дека во случајот со Мексико станува збор за софтвер познат како „Пегасус„ што владините служби го купиле од израелската компанија „НСО Груп„.

Договорот со Израелците бил набавениот систем да се користи само во борбата со криминалот и тероризмот, но сега се тврди дека цел на ловењето на комуникацијата биле и владините критичари.

Системот работи на тој начин што како главна алатка за шпионирање се користи смарт мобилниот телефон, преку кој се контролираат сите повици, телефонски разговори, испратени и примени пораки и целата друга комуникација, како користењето на вградените камери, локациите каде се наоѓа мобилниот телефон ( и неговиот сопственик)  и меиловите што ги прима.