Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси (36) имаше нов одличен натпревар во дресот на Интер Мајами во МЛС лигата.
Интер Мајами триумфираше со 6:2 против Њујорк Ред Бул, а Меси, освојувачот на „Златната топка“ за 2023 година, запиша два рекорди во натпреварувањето.
Прв по број на асистенции во еден натпревар, и втор по бројот на асистенции+голови од страна на еден играч. Треба да се напомене и дека Аргентинецот постигна еден гол против Њујорк Ред Бул.
Она што е навистина импресивно е што на полувремето беше 0:1 (единствениот гол за гостите го постигна Ванзеир), а потоа започна гол серијата на Интер Мајами.
Рохас погодува во 48 минута за 1:1, а само две минути подоцна Меси на асистенција на Суарез постигнува гол за 2:1. На 3:1 зголеми Рохас во 62 минута, а потоа на сцена стапи Луис Суарез кој запиша хет-трик со погодоци во 69, 75 и 81 минута од натпреварот.
Гостите постигнаа уште еден гол од пенал во седмата минута од судиското надополнување преку Форсберг. Заедно со Суарез, Меси сега е водечки стрелец во американска МЛС лига со 10 гола, а воедно има и најголем број асистенции (12).
Ново на Сител
-
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци
-
Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата
-
ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“
-
Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан
-
123 санкционирани возачи во Скопје
-
САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот
-
Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи