Моделот за развој на системи за дистрибуција на природен гас да се изготви за 45 дена
На предлог на Министерството за економија, Владата денеска ја прифати Информацијата за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Република Македонија.
За да се изготви модел за развој на системи за дистрибуција на природен гас, Владата го задолжи Министерството за економија да формира работна група составена од двајца негови претставници, по еден претставник од Кабинетот на Претседателот на Владата, од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, по еден претставник од министерствата за финансии, за транспорт и врски, за локална самоуправа и еден претставник од МЕР АД Скопје.
Рокот за номинирање членови и заменици на работната група е пет дена. Министерството за економија е задолжено во рок од 45 дена до Владата да го достави моделот за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Македонија.
Ново на Сител
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
-
Две лица го загубија животот, а пет се водат за исчезнати во судар на крузер и чамец на Дунав кај Будимпешта
-
Државјанин на Северна Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез
-
Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков
-
Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка