Живот
19. February 2016 - 11:55

Му се посреќи на Михаел, му се јави девојката од трамвајот но...

На загрепчанецот Михаел Диклиќ (18) кој една населба во Загреб ја излепил со огласи со молба да му се јави црвенокоса девојка која ја видел во трамвај, му се исполни желбата.

Фаталната убавица му се јави на Михаел.

-Мобилниот ми се усвити од пораки и повици. Имаше полно шеги, но се јави и таа. Ми испрати порака преку WhatsApp, а бидејќи таму има и своја фотографија на профилот, знаев дека тоа е навистина таа. Ми напиша откако видела дека ја бара,, но ми рече дека има момче. За жал. Сепак ми е драго што воопшто ми се јави, вели Михаил.

Foto Printscreen vjisti.hr

Да потсетиме, црвенокосата девојката ја видел во трамвајот број 32 минатата сабота, но немал храброст да и пријде. Додека тој собирал храброст и мислел како ќе помине, девојката излегла.

Бидејќи не можел да ја заборави, одлучил да ја побара. Излепил огласи низ загребската населба Врбани, каде излегла, нагласувајќи дека бара црвенокоса девојка со прекрасна насмевка.