Кошарка
15. December 2015 - 16:34

МЗТ потврди: Урош Ликовиќ нов член на шампионот

 

Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје го потврди трансферот на српскиот центар Урош Луковиќ
 
Српскиот интернационалец Урош Луковиќ е ново име во МЗТ Скопје. Актуелниот кошаркарски шампион успеа да ги договори условите со довчерашниот центар на Куманово и со тоа да го зголеми ростерот на оваа позиција. Луковиќ, во текот на оваа сезона за Кумановци забележа учинок од 24.1 поен и 12.6 скокови во домашниот шампионат. 26 годишниот играч во својата кариера има настапувано за Торлак, ФМП, Сарагоса, Тарту Кожув како и Куманово, каде што мина најголем дел од неговата кариера. Неговото деби за новиот клуб би требало да биде во сабота каде што МЗТ во Ваљево ќе игра против Металац во рамките на АБА лигата.
 
МЗТ попладнево гостува во Струмица во заостанат меч од 8.коло во првата лига.