Македонија
4. February 2019 - 13:05

Нападнато лице од Радолишта пред пекара во Струга

Дваесет и три годишен жител на Струшкото село Радолишта вчера бил физички нападнат од три лица, двајца од селото Велешта и еден непознат.

СВР Охрид денеска соопшти дека околу 14 часот, пред пекара лоцирана на улицата „ЈНА“ во Струга, А.И.(23) од струшкото село Радолишта, бил физички нападнат од А.С. (28), М.С.(53), двајцата од Велешта, и од уште едно, засега непознато лице.

А.С. и М.С. се повикани на разговор во полициската станица во Струга, а се преземаат дополнителни мерки за идентификација на третиот учесник во нарушувањето, по што ќе биде понесена соодветна пријава, соопшти полицијата.