-->
-->
НБА: „Хокси“ го повлекоа дресот на Мутомбо
-->
Раководството на Атланта одлучи да го повлече дресот со број 55 во чест на славниот кошаркар Дикембе Мутомбо. Конгоанецот Дикембе Мутомбо Мполондо Мубакмба Жан - Жак Вамутомбо дојде во Атланта во 1996 година како слободен агент по 5 сезони во Денвер.
Четвртиот пик од драфтот во 1991 година следните 12 сезони ги мина во Џорџија а потоа играше и за Филаделфија, Њу Џерси, Њујорк и Хјустон пред да се пензионира во 2009г.
„ Никогаш не помислив дека ќе го пензионираат мојот дрес. Моето име овде ќе остане засекогаш“ изјави Мутомбо за време на церемонијата на полувремето од мечот помеѓу Хокси и Селтикс.
Четири пати е прогласуван за најдобар дефанзивец во НБА лигата и играше на 8 Ал стар средби. Беше познат по блокадите а сега е во Конго каде има изградено болница која се грижи за 140 000 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови