Македонија
6. April 2019 - 11:56

Три лица каснати од кучиња скитници во Скопје и Куманово

Во Полициската станица Центар  вчера во 12:15 часот Л.С.(47) од Куманово, пријавила дека истиот ден околу 08,30 часот на улицата „Димитрије Чупоски“ била касната од куче скитник во пределот на левата подколеница.

Во Полициската станица Аеродром вчера во 15:45 часот О.М.(49) од Скопје пријавил дека на 04.04.2019 година околу 15,30 часот на булеварот “АСНОМ“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Во Полициската станица Аеродром  вчера во 17:55 часот Д.А.(65) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16,40 часот на булеварот „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.