Македонија
7. December 2023 - 12:29

Облачно со северен ветер за продолжениот викенд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен претпладне долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од минус шест до четири степени, а максималната од еден до 9 степени. 

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде минус два, а максималната седум степени.

Како што соопшти УХМР, в сабота ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Минимална температура ќе биде во интервал од минус шесто до минус еден, а максималната температура од четири до 10 степени. 

В недела во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.

Од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст, освен по котлините каде ќе има услови за појава на магла.