Од аеродром во Сао Паоло украдени 720 килограми злато
Од главниот аеродром во Сао Паоло се украдени 720 килограми злато, чија вредност се проценува на повеќе од 30 милиони долари.
Бразилските власти соопштија дека не успеале да го пронајдат златото, а нема ни трага и од криминалната банда која била составена од најмалку 20 лица.
Според полицијата, групата прво го киднапирала директорот на карго сервисот на аеродромот и неговото семејство и ги држеле како заложници, за да го натераат на соработка. Потоа, во четвртокот дошле на аеродромот во пикап возила исфарбани за да личат дека се полициски, а неколку минути подоцна побегнале со златото, пренесуваат американските медиуми.
Полицијата вчера соопштила дека проверува дали станува збор за истата група која минатата година од друг аеродром во Сао Паоло украде пет милиони долари.
Операторот на аеродромот, компанијата ГРУ Ерпорт, соопши дека залтото требало да биде транспортирано за Торонто и Њујорк.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови