Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден
Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп поради несовесно постапување со документи класифицирани како тајни.
Тоа е едно од четирите процеси што се водат против Трамп, а требаше да започне на 20 мај, но федералниот суд оцени дека тој рок е неодржлив поради бројните претходни претставки поднесени до судот.
Ајлин Кенон, судијката назначена од поранешниот претседател, не одреди нов датум.
На републиканскиот претседателски кандидат во моментов му се суди во Њујорк за сомнителни исплати пред претседателските избори во 2016 година.
Во судскиот процес против него во Флорида, Трамп е обвинет, заедно со двајца лични секретари, дека однеле доверливи документи во приватна резиденција во Мар-а-Лаго по напуштањето на Белата куќа во јануари 2021 година.
Според обвинението, Трамп со чувањето на овие документи ја загрозил националната безбедност.
Меѓу нив имало и воени планови како и информации за нуклеарно оружје, кои во согласност со законот требало да ги врати во Националниот архив. Тој беше обвинет и за обид за уништување докази.
Најсериозните обвиненија може да му донесат затворска казна од десет години. Неговите адвокати направија се за да се одложи судењето.
Ново на Сител
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект