Живот
14. September 2015 - 17:12

Ова е првиот човек на кој ќе му извршат трансплантација на глава!

Италијанскиот лекар Серџо Канаверо и неговиот колега, Кинезот Рен Чијаопинг се подготвуваат да извршат првата трансплантација на глава. Пациентот е 30-годишен Русин, а проектот е планиран за 2017 година.
 
Како што пренесува „Русија денес“, доброволец за овој вид трансплантација е Валериј Спиридонов кој боледува од многу ретка болест „Вердниг-Хофман“.
 
Планираната операција ќе трае 36 часа и ќе чини 11 милиони долари, а по операцијата пациентот ќе биде во кома еден месец.
 
Како што е соопштено од страна на медиумите, главата на Спиридонов ќе биде прикачена на телото на донаторот, кој мора да биде иста раса како доброволецот.
 
Постојат и шпекулации кои велат дека донатор всушност ќе биде некој затвореник кој е осуден на смрттна казна.