Македонија
4. October 2016 - 18:37

Погледнете какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста, a во крајните западни делови можен е краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен повремено и силен ветер од северозападен правец кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови на земјата.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 13 до 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

В петок ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, но кон крајот на денот и преку ноќта се очекува врнежите да бидат обилни.