Македонија
29. јуни 2019 - 19:12

Прегазен малолетник на велосипед во Куманово

Вчера околу 19.00 часот на крстосницата од улиците „500“ и „526“ во нас.Ајдучка Чешма во Куманово, Г.Т.(39) од Куманово, управувајќи патничко возило „Фиат Добло“ со кумановски регистарски ознаки, удрила во велосипед што го управувал малолетник од Куманово, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Куманово.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.