Loading Video...
Свет
25. April 2024 - 12:17

Преглед на вести од светот

Камиони со помош влегоа во Рафа во јужниот дел на Газа, додека Палестинците брзаа со надеж дека ќе добијат какви било хуманитарни материјали. Хуманитарните резерви беа истоварени од хуманитарните работници.

Палестинците во Газа се уште се борат да добијат основна храна, помош и услуги. Повеќе од половина од населението на територијата од 2,3 милиони побарале засолниште во Рафа. Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон за воена помош од 95 милијарди американски долари, која вклучува околу 9 милијарди американски долари хуманитарна помош за Газа, која експертите велат дека е на работ на глад, но и милијарди за Израел.

Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Халил ал-Хаја изјави дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку биде воспостаена палестинската држава со границите од 1976 година, што претставува познатото „решение со две држави“.

САД испратија проектили со голем дострел во Украина за употреба на нејзина територија, а оружјето пристигна во земјата овој месец, соопшти Стејт департментот.

„Можам да потврдам дека САД и дадоа на Украина ATACMS со голем дострел по директна наредба на претседателот“, изјави на брифинг портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

Оружјето беше дел од мартовскиот пакет помош за Украина, а не од штотуку одобрено од Конгресот и потпишан од претседателот Џо Бајден, но „не го објавивме ова на почетокот за да ја одржиме оперативната безбедност за Украина на нивно барање“, нагласи Пател додавајќи дека „ракетите пристигнале во Украина овој месец“.

 

Посетителите на плажа во  Тоби Инлет, имаа невобичаена глетката откако околу 140 пилот-китови насукани во плитките води во залив во Западна Австралија

Експерти за морски диви животни од австралиската држава Западна Австралија побрзаа да спасат четири јата пилот-китови заглавени во плитките води.

Околу 140 пилот-китови беа распространети на околу 500 метр, но за жал, 26 китови кои се насукаа на плажата починаа. Во јули минатата година, повеќе од 50 китови загинаа откако се насукаа на плажа во Западна Австралија.

Овој вид на китови се познати по своите тесно поврзани социјални врски, па кога некој ќе се најде во тешкотии и ќе се заглави, останатите често го следат, според морски експерти од Универзитетот во Западна Австралија.