Loading Video...
Свет
29. April 2024 - 16:35

Преглед на вести од светот

Израелска и делегација на палестинската милитантна  група Хамас се во Каиро на разговори за прекин на огнот во Појасот Газа.  Преговорите се водат одвоено  а се  разговара за шестнеделно запирање на борбите, размена на изарелски заложници за палестински затвореници и  за испорака на повеке хуманитарна помош за Газа, соопштија египетските и катарските посредници. Египет, Катар и САД  се надеваат дека доколку преговрите бидат успешни, израелскаат копнена  офанзива врз Рафах  ќе се спречи, или барем одолговлечи  потетокот. Војската објави дека  завршила со подготовките за упадот и  се чека само уште на согласноста од израелската влада. Рафах важи за последно големо упориште на исламистичката терористичка група Хамас. Но во Рафах има и околу 1, 4 милиони цивили. Палестинските здравствени власти соопштија дека  Во израелски воздушни напади во текот на нокта  врз Рафах, загинале најмалку 22 цивили, од кои пет  се деца. 

 

Најмалку четири лица загинаа во серија торнада што вчера ја погодија  американската сојузна држава Оклахома. Во 12 окрузи е прогласена вонредна состојба при катастрофа. Најпогодени се градовите Сулфур и Холденвил.  Спасувачките екипи почнаа со проценка на штетите на домовите и деловните објекти.

 

Руските војници  напредуваат на најмалку  три локации долж источниот фронт на Украина  соопшти украинскиот претседател Зеленски за време на средбата со генерланиот сектар на НАТО Столтенберг во Киев.  Според Зеленски, Русија се обидува да ја искрости  ситуацијата додека Киев ја чека воената помош од партерите.  Украина сеуште може да ја добие војната истакна Столтенеберг.Претходно, руската армија објавија дека ги  зазеле селата Новобахмутовка и Семеновка во областа Доњецк. Во Уркаина се војува 795 дена.