Loading Video...
Свет
1. May 2024 - 12:45

Преглед на вести од светот

Полицијата на Њујорк влезе во просториите на Универзитетот Колумбија синоќа, во очигледен обид да ги растера пропалестинските демонстранти кои ја зазедоа зградата на кампусот, по речиси двонеделен судир со администраторите на Универзитетот. Елитниот кампус е централно место на студентските протести кои се проширија во десетици училишта низ САД, изразувајќи противење на израелската војна во Газа. Претставници на Универзитетот Колумбија претходно во вторникот се заканија со академско исклучување на студентите кои го зазедоа Хамилтон Хол.

Окупацијата започна во текот на ноќта кога демонстрантите кршеа прозорци и упаднаа внатре, симболично преименувајќи ја зградата за 6-годишно палестинско дете убиено во Газа од страна на израелската војска. Демонстрантите го блокираа влезот со маси, ги врзаа рацете за да формираат барикада и извикуваа пропалестински слогани.

Неколку часа пред полицијата да влезе во Колумбија Универзитетот, градоначалникот Ерик Адамс и градските полициски службеници рекоа дека преземањето на Хамилтон Хол било поттикнато од „надворешни агитатори“ кои немаат никаква поврзаност со Колумбија и се познати на органите на прогонот за провоцирање на беззаконие. Белата куќа ги осуди протестите во Колумбија каде студентите се забарикаридираа во универзитетска зграда. Стотици демонстранти се уапсени додека универзитетите се борат да се справат со камповите на колеџот, само неколку дена пред закажаните церемонии за дипломирање.

 

Американскиот државен секретар Антони Блинкен вчера пристигна во Израел со планови да разговара за зголемениот проток на помош во Газа. Тој веќе имаше средба со израелскиот  претседател Исак Херцог, а се очекува денеска да се сретне и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Неговите намери се и за време на неговиот престој помошта во Газа да се зголеми, па така интензивно се работи на пристаништето за да може помошта да стигнува и по морски пат.

САД вршат притисок кон Израел во однос на хуманитарна помош истакнувајќи дека Вашингтон може да ја смени политиката, доколку Израел не преземе чекори за справување со цивилната штета, хуманитарното страдање и безбедноста на помошта. Блинкен имаше и куса средба со демонстраните во Изреал кои бараа ослободување на заложниците.          Инаку ова е седма турнеја на Блинкен на Блискиот исток откако регионот западна во конфликт на 7 октомври минатата година.

Помошта во Газа, е повеќе од потребна, каде што повеќето луѓе се бездомници, многумина се соочуваат со глад, болестите се широко распространети и каде што голем дел од цивилната инфраструктура лежи во урнатини.