Loading Video...
Свет
6. May 2024 - 12:19

Преглед на вестите од светот

Израелската армија (ИДФ) почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, пред да започне офанзива против тој град, јави денеска израелското воено радио.

Радиото објави дека евакуацијата во моментов е фокусирана на неколку периферни области на Рафа од кои Палестинците ќе бидат насочени кон населбите со шатори во блиските Кан Јунис и Ал Муваси.

Израелската армија ги повикува Палестинците да ги евакуираат источните населби Рафа пред планираната офанзива. Според извештаите, цивилите се повикани да се евакуираат во проширената хуманитарна зона во областите Ал Маваси и Кан Јунис.

Повеќе од еден милион Палестинци се засолниле во Рафа, а западните земји и Египет изразија сериозна загриженост дека израелската офанзива на тој град ќе доведе до голем број цивилни жртви.

Инаку, вооруженото крило на палестинската милитантна група Хамас, Бригадите Ал Касам, ја презеде одговорноста за нападот на преминот Керем Шалом меѓу Израел и Газа, во кој, според извештаите на израелските и палестинските медиуми, загинаа неколку лица.

Хамас потврди дека истрелал ракети врз базата во близина на Керем Шалом, но не соопшти од каде биле истрелани проектилите. Медиумите блиски до Хамас цитираа извор кој вели дека комерцијалниот премин не бил целта.

Израелската армија соопшти дека од Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа кон преминот биле истрелани 10 ракети. Во соопштението се наведува дека преминот сега е затворен за камиони кои превезуваат хуманитарна помош во енклавата, додека другите премини остануваат отворени.

Локалните власти и волонтерите спасуваат жителите заглавени во поплавениот град Каноас, во јужен Бразил, додека глисерите ги пребаруваа поплавените улици за да им помогнат на луѓето кои сè уште заробени во нивните домови. Илјадници луѓе останаа заглавени во државата Рио Гранде До Сул без храна и вода по големите поплави во кои настрадаа најмалку 78 лица.

Обилните дождови кои ги предизвикаа поплавите расија повеќе од 115.000 луѓе. Поплавите од невремето во изминатите неколку дена зафатија повеќе од две третини од речиси 500 градови во државата, која граничи со Уругвај и Аргентина. Дождовите предизвикаа и лизгање на земјиштето и делумно уривање на брана во мала хидроцентрала. Во тешка состојба се наоѓа и градот Порто Алегре по обилните дождови.