Премиерот на Пакистан упати покана до Индија да ги решат билатерални спорови
Пакистан соопшти дека премиерот на земјата Имран Кан му напишал писмо на својот индиски колега, изразуваќи желба за решавање на нерешените спорови меѓу двете држави, вклучувајќи прашања како поделби регион на Кашмир.
Портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи Мохамад Фајсал напиша вчера на Твитер дека писмото на Кан е одговор на претходно изразената визија за „значајна и конструктивна заложба" од индискиот премиер Нарендра Моди.
Хан, исто така, во писмото предложи министрите за надворешни работи на двете земји да се сретнат на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк подоцна овој месец.
Министерството за надворешни работи на Индија позитивно одговори на предлогот за таков состанок.
Пакистан и Индија водеа две од трите војни меѓу себе од добивањето на нивната независност во 1947 година поради спорниот хималајски регион на Кашмир, поделен меѓу двете земји, од кои секоја има претензии кон него.
Ново на Сител
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен