Македонија
27. December 2021 - 16:57

Приведен штипјанец кај кого биле пронајдени марихуана, екстази и таблети

На 26.12.2021, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.Ж.(38) од Штип. При преглед во неговото возило околу 21.00 часот на ул.„Партизанска“ во Штип биле пронајдени и одземени марихуана, екстази, бела грутчеста материја, таблети и пари.

Исто така, тој се однесувал агресивно и ги попречувал полициските службеници во извршување на службените дејствија.

Се работи на целосно документирање на случајот, по што против М.Ж. ќе бидат поднесени соодветни пријави.