Бизнис
23. April 2024 - 16:34

Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра

Над 1.000 евра му се потребни на едно семејство за да ги задоволи месечните потреби.  Синдикатот пресемета дека за еден месец, трошоците за живот се зголемени  за  1,200  денари, или од почетокот на годината до април  повисоки се за  50 евра.  Ако живее под кирија, на домаќинствата ќе им требаат уште 250 евра плус. Статистика пак објави дека февруаската плата е пониска  за 5 евра во однос на јануарската. Изнесува 39.276 денари  Платата не стига за да се истурка месецот. Работниците се соочуваат со притисок поради високите трошоци, а нсиките плати , велат од ССМ

- Тоа што можам да кажам е дека психолошката бариера од 60 илјади денари новата пресметка на синдикалната минимална кошничка сигурно ја преминува и тоа треба да биде црвен картон за сите оние кои се сомневаа и во пресметката на синдикалната минимална кошничка, меѓутоа се сомневаа и укажуваа дека работниците во Македонија можат да преживеат со далеку помалку. Лесно е да креирате политика со 2. 500 евра, тешко е да преживеете со 22. 500 денари, изјави Слободан  Трендафилов.

Зголемување на платите, посебно на минималецот , како и враќање на трошоците за храна и превоз ќе бидат дел од барањата на протесот кој ССМ, традиционално ќе го одржи на Денот на трудот, 1 мај

- Бараме враќање на трошоците за храна и превоз, кои ни беа укинати во 2009 та година, со новиот модел на пресметка на бруто плата, а тоа  се  20% од просечната плата, или 8,000 денари  додава Трендафилов

Повисоки плати од просечната се исплаќаат во фармацијата, енергетиката, комуникациите, воздухопловството,,  Најплатени, со над 1,500 евра плата и наттаму се програмерите . Во сите останати сектори, како преработувачката индустрија и образованието, каде има најмногу  работници , платите се движат од 35 до 38 илјади денари.