Балкан
9. February 2019 - 22:01

Расте бројот на жртвите во Истанбул: Под урнатините на падната зграда пронајдено уште едно тело

Бројот на жртвите од уривањето на осумкатната станбена зграда во Истанбул порасна на 17, рече денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Сојлу наведе дека под урнатините е пронајдено уште едно тело.

Зградата во истанбулскиот кварт Картал се урна во средата.

Причините за рушењето се предмет на истрага но официјалните лица наведоа дека последните три ката се нелегално изградени.

Од 14 лица кои се пронајдени живо, 13 се уште се во болница, од кои седум се во тешка состојба.