Ракомет
6. October 2015 - 11:46

СЕХА: Вардар гостува во Суботица

Македонскиот ракометен првак Вардар по третата победа во Лигата на шампионите во неделата над Кристијанштад, сеуште не е вратен во Скопје. Причината е тоа што вечерва (19 часот) „вардарци“ имаат да одработат и натпревар од СЕХА лигата. 
И во мова натпреварување Вардар е прв без пораз со максимален број бодови. На четирите дуели Вардар забележа четири победи.

Нивниот вечераше ривал Спартак пак има една победа едно реми и три порази и се наоѓа на седмото место.
За разлика од дуелот со Кристијанштад во составот вечерва нема да бидат повредените Дибиров, Карачиќ како и голманот Штербик, кои ќе се подготвуваат во Скопје за дуелот од ЛШ со Рајн Некар Ловен.
На нивно место се очекува да бидат Лазаров, Марсениќ и Милиќ.
Покрај дуелот Спартак - Вардар вечерва се и натпреварот Борац - ППД Загреб.