Свет
7. December 2015 - 21:45

Силна експлозија во центарот на Москва, има повредени

Најмалку тројца се повредени во експлозија на бомба на автобуска станица во центарот на Москва, јавува ТАСС цитирајќи полициски извори. Најмалку тројца се повредени во експлозијата. “Непозната домашно направена експлозивна направа експлодираше на автобуска станица, повредувајќи три лица” – изјавила полицијата за ТАСС. Итнтите служби се на местото на настанот и го истражуваат, а воедно им се пружа и неопходна помош на жртвите кои се повредени на улицата Покровка.