Македонија
30. April 2024 - 16:37

Сите имаат услови за владина коалиција

Раководството на СДСМ да си поднесе оставка, а носителите на листи на нотар да потпишат дека ќе се откажат од мандатите. Мицкоски јавно да се дистанцира од Заев и неговата група. ЗНАМ ги испорача условите за идна коалиција со било која од најголемите партии.

Димитриевски упати апел до своите гласачи масовно да излезат на претседателските избори за да не дозволат политичка криза и условување. Не сакаше да повика за поддршка на некој од кандидатите но уште еднаш јавно се извини што пред 5 години на изборите го поддржал Пендаровски.

Свои услови имаат и во коалицијата на ДУИ. Откако резултатите од Претседателските избори покажаа дека математички и без нив во Собранието би се формирало стабилно мнозинство
интегративците сега се повикуваат на принципот за коалицирање на победник со победник кој сами го прекршија по изборите во 2016та.

Што беше тоа принцип победник со победник, саркастично денеска праша опозицискиот лидер.

Резултатите од претседателските избори симулирани во пратенички мандати покажаа дека опозициските партии освоија дури 79 мандати и можат комотно без СДСМ и ДУИ да формираат Влада која би имала речи си двотретинско мнозинство.