Македонија
30. April 2024 - 16:38

Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта

Со тешки повреди на Карил заврши  35 годишен скопјанец кое утрово падна во отворена шахта. Среде центарот на Скопје движејќи се по тротоарот околу својата зграда, паднал во шахта на ЕСМ. Инцидентот се случил околу 11 часот веднаш до средното уметничко училиште.  Мајката на повредениот  за Сител раскажа во каква состојба е нејзиниот син. Вознемирена од инцидентот вели падот во дупката можел да биде фатален.

На местото веднаш пристигнал и нејзиниот сопруг хирургот Камиловски кој кажа дека повредениот е на интезивна нега во клиничкиот центар

Од неговото искуство како хирург, ваквите инциденти се многу чести.

Лекарскиот тим на брзата помош го затекнале 35 годишниот маж како лежи покрај шахтата со повреди од скршеници.

Информација зошто оваа шахта била отворена и необезбедена побаравме од Општина Центар од каде ни потврдија дека се работи за шахта на АД ЕСМ. Железниот капак бил отворен  вчера но од компанијата не добивме одговор зошто била оставена  шахтата отворена и без никаква заштита. Семејството најави дека за случајот ќе пријават во сите надлежни институции.