Собрани 3.000 книги во рамки на манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце“
Обезбедени се нови 3.000 книги на 10-та традиционална манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“, што се одржа во Домот на култура „Илинден“. Книгите се наменети за Општинската библиотека Илинден и библиотеките во основните училишта од Илинден.
На оваа манифестација, која ги обединува образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата, годинава учествуваа голем број граѓани, преставници од бизнис секторот, издавачки куќи, научни институции, факултети и ученици, кои со дарувањето книги помогнаа да се збогати библиотечниот фонд на Општинската библиотека Илинден.
Симболично, како што информира општина Илинден, беа украсени 2016 црвени велигденски јајца и секој посетител што подари книга, за возврат доби црвено велигденско јајце.
На манифестацијата учествуваа повеќе македонски писатели, кои ја посетија и Општинската библиотека Илинден, во која поголемиот дел од книгите се обезбедени со оваа манифестација.
Во изминатите 10 години преку манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“ подарени се вкупно 30.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден и библиотеките во основните училишта.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски