Специјални претставници на Макрон и Меркел денеска во Приштина на средби со Курти и Тачи
Специјални претставници на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел ќе го посетат денеска Косово, каде што со државните челници ќе разговараат за развојот на ситуацијата во врска со односите со Србија, објави порталот „Газета експрес“
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, од кабинетот на премиерот Албин Курти информираат дека неговата средба со француско-германската делегација е закажана за во 9 часот, додека од кабинетот на претседателот Хашим Тачи објавивја дека тој ќе ги прими пратениците на Макрон и Меркел во 10.15 часот.
– Мисијата на емисарите (од Франција и Германија) на средбите со Владата на Курти и државните челници е деблокирање на преговорите со Србија и поддршка за постигнување конечен договор. Нивна главна порака е укинувањето на таксата од 100 отсто, како и пренесување на ставовите на двајцата највлијателни лидери во Европската унија, Макрон и Меркел, пишува „Газета експрес“.
Ново на Сител
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош