Македонија
19. September 2018 - 11:09

Старица покосена на раскрсница во Скопје

Вчера во 13,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосница од улица “Горно Лисиче“ и улица “Ѓорѓи Андреевиќ-Кун“ патничко моторно возило “Форд Фиеста“ со скопски регистерски ознаки управувано од Г.С.(30) од  Скопје удрил во пешак С.В.(73) од Скопје.

С.В. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ и од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.