Светска банка: Обемот на отпадот во светот може да се зголеми за 70 отсто до 2050 година
Ако не се преземат итни мерки, обемот на сметот во светот ќе се зголеми за 70 проценти до 2050 година и ќе достигне 3,4 милијарди тони, се наведува во најновиот извешта на Светската банка.
- Лошото управување со отпад нанесува штета на човековото здравје и на животната средина, што само се придодава на проблемите со климата, изјави Лора Так, потпретседател на Светската банка, задолжена за одржлив развој.
Иако богатите земји претставуваат само 16 проценти од светското население, тие произведуваат повеќе од една третина (34 проценти) од отпадот на планетата. Источна Азија и регионот на Тихиот Океан се одговорни за речиси една четвртина (23 проценти) од сето ѓубре. Се очекува субсахарска Африка да го зголеми тројно, а Јужна Азија двојно обемот на отпадот што го произведува до 2050 година
Светската банка препорачува да се обезбеди финансиска помош од земјите кои имаат најголема потреба да развијат системи за управување со отпад, како и да се поддржат иницијативи за намалување на употребата на пластика и за ограничување на отпадоци од храна.
Од 2000 година, Светската банка инвестираше повеќе од 4,7 милијарди долари во програмите за управување со отпад ширум светот.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Девет години од настаните од „Диво Насеље“
-
Вучиќ и ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова
-
Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски
-
Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите