Македонија
27. March 2024 - 16:47

Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес

Техничкиот министер за внатрешни е загрижен за претстојниот изборен процес во полошкиот регион (се сомнева на можни изборни нерегуларности во полошкиот регион). Тошковски вели дека Владата без објаснување му забранила да спроведе нова систематизација, за која тој смета дека била клучна за фер избори.

„Овие како влада не дозволија не само мене, туку не дозволија ниту на дополнителниот, не со име и презиме, туку со работна позиција не дозволија промена на систематизација  која ќе овозможеше поставување на од моја страна началник, од страна на дополнителниот, дополнителен началник кој што требаше да го гарантира фер и демократскиот процес на територија на Тетово, Гостивар, Брвеница, Јегуновце итн“, изјави Панче Тошковски, Технички Министер за внатрешни работи.

Антикорупционерите веќе ги добиле првите поплаки за текот на иборниот процес. Имаат 20тина преставки, ама не откриваат од кого се поднесени. Сега ги испитувале наводите напишани во претставките, а ветуваат брза разрешница.

„Овие 20 предмети се однесуваат на претставки поврзани со активностите кои се однесуваат на изборниот процес. Сите овие предмети се отворени, отпочната е постапка на работа по истите. За сите овие е даден приоритет од комисијата и во најкраток рок согласно доставените податоци ќе донесеме одлука“ изјави Татјана Димитровска, Претседател на ДКСК.

Од Обвинителството потсетуваат дека за попречување на изборниот процес следуваат затворски казни. Посебна комисија ги следела постапките и апелираат на воздржаност кај сите учесници во изборите.

Од државната изборна комисијата уверуваат дека во новиот изборен законик вметнати се забелешките на ОБСЕ, иако усвојувањето на документот е направено дури по распишување на изборите.

За Агенцијата за медиуми најголем предизвик бил регулирањето на политичкиот маркетинг. Дел од интернет порталите работеле само за време на изборите.

Првите луѓе на институциите задолжени за следење на изборите денеска на заеднича маса дебатираа за изборните ризици. Институтот Охрид ги поканил и министрите за правда и добро управување, но го откажале присуството заради други обврски.