Училиштата во Грција ќе се отворат регуларно, но со построги протоколи
Со задолжителни маски, задолжителни селф тестови за сите и под построги протоколи, учениците во Грција од понеделник се враќаат во училишните клупи, а второто полугодие ќе започне регуларно, без одлагање, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерката за образование на Грција Ники Керамеос, попладнево ги соопшти одлуките на Владата, по доибиените препораки на надлежната комисија на епидемиолози.
Поконкретно, и понатаму ќе бидат задолжителни два селф теста седмично, односно тестови за домашна употреба кои учениците ги добиваат бесплатно, но сега, освен за невакцинираните, ќе важат и за вакцинираните ученици и наставници или професори
Дополнително, за време на првата седмица од отворањето на училиштата, учениците ќе добијат еден тест плус.
Промени има во протоколите во однос на потврден случај и нема да се тестираат само децата кои седат во близина на заразениот ученик, туку ќе се тестира целото одделение/клас.
Невакцинираните ученици ќе се тестираат секој ден, пет дена, со бесплатни два рапид и еден селф тест, како и двата селф тестови што и онака им следуваат, додека пак вакцинираните ученици ќе се тестираат со три селф тестови.
Истите правила ќе важат и за евентуален потврден случај на Ковид-19 кај просветните работници.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци