Спорт плус
19. December 2016 - 10:06

Успешен настап со рекорд на пливачката Ана-Марија Дамјановска

Македонската пливачка репрезентативка Ана – Марија Дамјановска во деновите од викендот настапи на пливачкиот митинг во Хилингтон, Лондон. Таа во дисциплината 50 метри пепертука постави нов македонски рекорд со време 29.04 секунди и го подобри сопствениот рекорд што го постави на митингот во Скопје (13.ноември). 
Во дисциплината 50 метри слободно Дамјановска исплива најдобро лично време 26.83 секунди. 
Во двете трка македонската пливачка освои бронзени медали.