Утре трета авионска дезинсекција во Неготино
Трета по ред авионска дезинсекција ќе се реализира утре на подрачјето на општина Неготино, информираа денеска од Локалната самоуправа.
Авионското третирање ќе се реализира во раните утрински часови и тоа во времето од 05 до 08 часот.
- Дезинсекцијата е во согласност со годишната програма за работа на локалната самоуправа Неготино, за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести, како и со оперативниот план за дезинсекција, дезинфекција и дератизација за тековнава 2015 година, соопштија од општината.
Активноста, посочуваат, и овој пат се спроведува во соработка со ресорното Министерство за здравство на Република Македонија и Центарот за јавно здравје од Велес.
- За таа цел, а поради престојното запрашување против комарци, се информираат граѓаните и здруженијата кои одгледуваат пчели и други животни, благовремено да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита, предупредуваат од Локалната самоуправа.
Ново на Сител
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада