Македонија
18. April 2023 - 19:25

ВИДЕО од тепачката меѓу полицајци во Кривогаштани, едниот се фаќа за пиштол, друг пцуе, трет ги разделува

Во неделата, на прв ден Велигден, околу 04.45 часот, пред угостителски објект во Кривогаштани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(41) од с.Житоше и К.А.(45) од с.Житоше, двајцата полициски службеници, информираше СВР-Битола.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка“, соопшти СВР-Битола.