Балкан
24. February 2017 - 17:41

Во Црна Гора 54 милионери при население од 645.000 лица

Во Црна Гора има 54 милионери при население од 645.000 лица, а богатството на најбогатиот граѓанин во земјата се проценува на 14 милиони евра, пишува црногорскиот весник „Побиједа“.

Според податоците на Централната банка, кон крајот на 2016 година, 54 граѓани имале депозит во вредност од над еден милион евра. 

Имињата на милионерите не се наведени, бидејќи тоа е спротивно од законот. 

Што се однесува до правните лица, најголемиот депозит на фирма, вложен во една банка, е речиси 56 милиони евра.

Весникот напоменува дека во втората половина на 2015 година во Црна Гора имало 53 милионери, а најголемиот депозит на физичко лице бил 4,13 милиони евра. 

Во тој период депозит од над еден милион евра имале 140 компании.