Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
Во рамки на третата фаза од голема полициска акција „Храм“ (Темпули) полицијата во Тирана разбила група која дистрибуирала канабис, хероин и кокаин, во различни области на Тирана, во близина на училишта, како и во ноќни клубови.
-Акцијата следуваше по четиримесечна истрага, со посебни методи од страна на стручни лица за истраги за наркотици при локалната полициска управа во Тирана, под раководство на Обвинителството при Основниот суд на општата надлежност на Тирана. Обезбедени се правни докази за документирање кривични предмети на 35 граѓани, изјави Тонин Воцај, директор на полициската управа на Тирана.
Воцај додаде дека се уапсени 20 лица а по 10 други се трага, запленети се 3,5 килограми кокаин, 50 дози хероин, 100 дози канабис, 27 мобилни телефони и 5 автомобили.
Во рамки на првата и втората фаза од акцијата „Храм“, чија цел е сузбивање на дистрибуцијата на дрога пред училишта и угостителски објекти, уапсени се повеќе од 200 лица.
Ново на Сител
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен