Македонија
22. August 2022 - 18:32

Во сообраќајна несреќа во Албанија повредени двајца жители на Струга

Во сообраќајна несреќа што се случила попладнево, во близина на граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, повредени се двајца жители на Струга.

 Несреќата се случила на патниот правец Ќафасан -Поградец, кај  селото Пискупат. 

 - Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил марка „мерцедес“  управувано од В.А.(48) жител на Струга, Македонија и автомобил „голф“ управувано од албанскиот државјанин Д.С.(22). Притоа, со повреди се здобиле двајцата возачи и С.А.(46), жителка на Струга, сопатник во возилото „мерцедес“, јави агенцијата Балкан веб. 

Повредените се згрижени во болницата во Поградец, каде се под целосна грижа на лекарите и не се во животна опасност. 

Увидна екипа е на терен, а според првичните сознанија причина за несреќата е неприспособената брзина на движење според условите на патот.