Вучиќ: Во тешка позиција сме, прашањето не е дали ќе преживееме, туку како
Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со германската министерка за надворешни работи Аналена Барбок изјави дека разговорите во Берлин не биле лесни, но дека е задоволен од големиот интерес на германската Влада за разговор со Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Тој неколку пати изјави дека утре вечер во своето обраќање до јавноста ќе зборува за сите проблеми и зошто „интересот на сите за Србија ќе стане уште поголем“.
Вучиќ кажа дека со Бербок разговарал за европската перспектива на Србија, кризата во Украина и ситуацијата во Косово и дека има делови од разговорот кои „не биле лесни“.
Запрашан дали „Србија ќе преживее“, тој одговори – секако.
– Прашањето не е дали ќе преживееме, туку како ќе преживееме – дали сакаме да поминеме со модринки или тешки рани, кажа српскиот претседател.
На прашањето дали е можен „посилен пресврт во српската политика“, тој кажа дека „не знае за каков пресврт, кога Србија е на европскиот пат“.
– Дали ќе има овакви или онакви тактички работи не мора да значи, тоа е прашање на дневното ниво на реакции, оцени Вучиќ.
Претседателот на Србија вчера се сретна и со канцеларот на Германија, Олаф Шолц, со кого одвоена средба имаше и премиерот на Косово, Албин Курти, како и со посредникот на ЕУ во дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак.
Ново на Сител
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни