Заев и Мицкоски на лидерска ќе бараат решение за Законот за ЈО
Решение за Законот за јавно обвинителство, со кој се регулира и судбината на Специјалното јавно обвинителство денеска ќе се обидат да најдат премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на најавената лидерска средба, откако минатата недела последната средба на работните групи на власта и опозицијата не вроди со плод.
Лидерската средба ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија со почеток во 20 часот, потврдија за МИА владини извори. Средбата ќе се одржи во формат еден плус четири.
Во фокусот на лидерската ќе биде Законот за јавно обвинителство, но Мицкоски претходно најави дека ќе ја отвори и темата за предвремени парламентарни избори. Од Владата за МИА велат дека главна тема е Законот, а за тоа дали ќе се разговара за предвремени ќе се види на лице место.
Од ВМРО -ДПМНЕ за МИА го потврдија одржувањето на лидерската, но нагласија дека освен за Законот за јавно обвинителство, тема ќе бидат и предвремените избори. Од партијата велат дека темата предвремени избори била услов за одржување на лидерската.
Заев во обраќањето од Пеленица на Денот на независноста меѓу другото изрази и увереност дека земјата има капацитет со двотретинско мнозинство да го донесе и Законот за јавно обвинителство.
– Сите случаи и евентуални случаи на криминал и корупција, како во развиените земји, мора да добијат ефикасна, праведна и правична разврска. Тоа го очекуваат граѓаните и со тоа ќе дадеме дополнителни аргументи на ЕУ, дека сме и ние цврсто определени кон правдата и изградбата правна држава, истакна премиерот.
Поради скратените рокови Законот за Јавно обвинителство се очекува да биде донесен најдоцна до 15 септември. За да биде усвоен потребно е двотретинско мнозинство од пратениците, а неговото носење е клучно и за евроинтеграциите на земјава.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски вчера изјави дека од лидерската пред се очекува сериозност од власта кон прашањето и оти тие се подготвени за компромис, но како што појасни за решение што е во интерес на државата.
Додаде дека еден од условите за одржување на лидерската биле предвремените избори.
Премиерот Заев во интервјуто за „Фокус“, пак, потенцира дека предвремени избори за него не се посакувана опција, сега фокусот се членството во НАТО и преговорите со ЕУ, но и домашните реформи – економијата, борбата против криминалот и корупцијата, правниот систем, образованието, културата, се што е важно за граѓаните.
– Ако веднаш одиме на избори, тоа ќе донесе нови дисторзии на општеството, за шест до девет месеци застанува се. Државата одамна ни немала редовни избори. Ред е да оставиме еден мандат, посебно ако се решени историските прашања. Верувам дека до декември не е соодветно решение, но крајот на октомври ние можеме да одиме на избори во 2020, истакна Заев.
Ново на Сител
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди