Заев: Конечна цел на поврзувањето на Западниот Балкан е да постигнеме ‘no stop, just go’
„Конечна цел на поврзувањето на Западниот Балкан е да постигнеме ‘no stop, just go’, да нема воопшто застанување на границите помеѓу Србија, Македонија и Албанија, а се надеваме понатаму и пошироко“ рече премиерот Зоран Заев на Економскиот форум за регионална соработка во Скопје.
Како што кажа тој, со интегрирањето и поврзувањето на регионот ќе се обезбеди слободно движење на стоки, преку зајакната инфраструктура на граничните премини, со 24-часовно работно време на сите гранични служби и со проширување на зелените коридори меѓу нашите земји кон ЕУ.
„Да ги подготвиме сите владини политики за слободно движење на услуги, преку взаемно признавање на професионалните квалификации, воведување систем без дозволи за интер-компаниски трансфери во рамките на шесте земји од Западен Балкан, меѓусебно признавање квалификувани електронски потписи и други доверливи услуги“ кажа Заев.
Премиерот додаде дека преку овозможување мобилност на студенти, научници и истражувачи, меѓусебно признавање на професионалните квалификации и со проширување на туристичките понуди и врски во регионот ќе се прошири и слободното движење на луѓето.
„Дополнително да го олесниме слободното движење на капиталот, преку усогласување на пристапот кон регулаторната рамка на ЕУ за финансискиот пазар. За остварување на овие слободи, денеска како за почеток, ќе бидат потпишани еден договор и два меморандума за соработка“ кажа Заев.
Ново на Сител
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј