Заев: Одлуката на Богоевски е храбра и во функција на понесување одговорност за етички работи
Премиерот Зоран Заев ја поздравува одлуката на пратеникот Павле Богоевски да поднесе оставка на функцијата и смета дека е храбра и во функција на понесување одговорност за етички работи за кои граѓаните очекуваат политичарите да повлечат чекор во таа насока.
-Многу е важно секој од функционерите каква одговорност носи во делот на неговото извршување на обврските пред граѓаните, пред институцијата и државата. Секогаш кога одреден дел од неговиот приватен живот нема влијание врз извршувањето на работите сметам дека е добро и тоа го искоментирав. Но, тоа е негово право на лична и морална одлука и јас ја поздравувам оставката, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Тој посочи дека Богоевски е одличен пратеник и еден од симболите на Шарената револуција, поради што, нагласи, ќе му биде задоволство да продолжи да работи со таков човек и во иднина.
-Како и да одлучи и во кој сегмент од својот живот да работи мене ќе ми биде драго да соработувам со човек што си ја сака земјата до небото и сака да се вгради во нејзиниот успех. Верувам дека ќе изнајдеме начини за идни соработки, потенцира Заев.
Прашан дали очекува пратениците да му го одземат мандатот на пратеникот Никола Груевски посочи дека Уставот и Деловникот на Собранието се многу јасни и дека станува збор за чист случај поради што очекува да се постапи согласно Деловникот.
-Тоа е прашање надвор од мојот домен и е за нашиот претседател. Многу политички партии застанаа зад него и затоа апелирам да разговара со партнерите, бидејќи креираме заеднички политики. Реакцијата е неслучајна и затоа треба да се разгледаат деталите и да се расчистат причините и потребите за именувањето и за реакцијата, рече Заев и нагласи дека верува оти ќе се изнајде решение.
Ново на Сител
-
Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот