Македонија
5. January 2019 - 16:06

Затрупаните гранични полицајци од Танушевци се вратија во Скопје

Граничните полицајци кои неколку дена беа заглавени во полициската станица во с. Танушевци поради наноси од снег, денеска се вратени во Скопје, информираат од МВР. Движењето им беше оневозможено бидејќи снегот достигнал до 2,5 метри. Поради блокираните локални патишта од снегот, десетмината полициски службеници не можеле да ја извршат смената па затоа останале во објектот на МВР.