Македонија
14. April 2017 - 20:51

ЖЕНСКАТА СИЛА НА АРМ: За нив униформата е чест

Процентот на жени во АРМ е 8.7 отсто и е повисок од европскиот просек кој е околу 4 отсто, тие имаат подеднакво право на доброволно служење на воен рок како и студирање на Воената академија ако ги исполнуваат бараните критериуми.

Со професионализацијата на АРМ, се воведе доброволното служење, за што мажите и жените имаат подеднакви можности да служат само ако ги исполнат критериумите. Просечно, 10 отсто изнесува бројот на жените кои доброволно служат воен рок, но интересот постојано се зголемува. Исти се условите и за Воената академија, ниту таму нема селекција.

arm-vojnici-zeni2

Жените во АРМ се застапени и во Полкот за специјални операции, конкретно во Ренџерскиот баталјон кој важи за една од најдобро подготвените единици, како и во медицинските и санитетските единици, логистиката и финансиите.

arm-vojnici-zeni3

Покрај тоа, голем број на жени офицери се наоѓаат и на клучни позиции во Здружената оперативна команда (ЗОК), како и во другите команди и штабови.

arm-vojnici-zeni4

На почетокот жените во АРМ најчесто беа застапени во службите. Денеска се застапени во сите единици на АРМ и во борбените единици има жени. Жени има и во Полкот за специјални операции (ПсО), има во командите при штапските единици на полкот, во Ренџерскиот баталјон. Се уште нема жени во Баталјонот за специјални намени, но во ниеден закон или пропис не стои дека жените не можат да бидат кандидати или да конкурираат за прием да се пријават на селективен курс. Можат да станат дел и од таа единица доколку ги исполнат критериумите кои се бараат.

arm-vojnici-zeni5

Жените од АРМ во изминатите десетина години рамо до рамо со своите машки колеги учествувале во меѓународните мировни мисии и конкретно во мисиите ИСАФ во Авганистан и АЛТЕА во Босна и Херцеговина (БиХ), каде што биле испратени околу 140 жени.

arm-vojnici-zeni6

arm-vojnici-zeni7

arm-vojnici-zeni8

arm-vojnici-zeni9

arm-vojnici-zeni1