-->
-->
10 медали за атлетите од Специјална Олимпијада на Македонија на Игрите во Лос Анџелес
-->
Членовите од Специјална Олимпијада Македонија од 25 јули до 2 авуст учествуваа на Летните олимписки игри во Лос Анџелес и го забележаа најдобриот свој настап на една Олимпијада освојувајќи десет медали.
- Во сите олимписки дисциплини во кои се натпреварувавме, атлетика, пливање, пинг-понг и Јунифајд кошарка освоивме медали. Со гордост се враќаме во Македонија за да ја споделиме радоста со домашната јавност. Овие Олимписки игри само потврдија дека нашите атлети со интензивни тренинзи во рамки на програмата на Специјална Олимпијада Македонија може да освојува медали во големи рингови. Им благодариме на сите поддржувачи кои веруваа во нас и нашиот тим, изјави Ана Петровска, претседател на македонските атлети.
Носители на медали од Македонија се:
Атлетика: Јулијана Петровска - злато на 100 метри, Ајвази Себат - сребро атлетика 200 метри, Ајвази Себат – сребро атлетика 400 метри, Албан Бајрамовски - сребро на 400 метри.
Пливање: Марио Мицковски - злато 25 метри слободен стил, Стефан Трпковски - бронза 25 метри слободен стил, Јована Павловиќ - бронза 50 метри пливање слободен стил.
Пинг-понг: Фатиме Бељур – бронза, Давид Стојановски – бронза.
Кошарка: Унифајд тим – сребро.
На Игрите во Лос Анџелес учествуваа 7.000 атлети и 3.000 тренери од 177 земји и се натпреваруваа во 25 Олимписки спортови. Учеството на македонските атлети беше овозможено со донација од Државна видеолотарија на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг