-->
-->
Бејл играч на годината во Велс
-->
Фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл петта година по ред е прогласен за најдобар играч на Велс, соопшти националсниот сојуз на оваа земја.
Бејл за репрезентацијата оваа година има постигнато шест голови, вклучувајќи ги двата во минималните победи над Кипар и Белгија, со кои Велс избори пласман на Европското првенство.
„Минатата сезона постигнуваше неверојатни голови. Сите играчи беа фасцинирани, но тој посебно се истакнува поради сè она што го направи во квалификациите“, рекол селекторот на Велс, Крис Колман.
Во женска конкуренција наградата и припадна на Кајли Дејвис од Рединг, додека за најдобри млади играчи се прогласени Томи О’Саливен од Кардиф и Чарли Естурт од Манчестер Сити.
Герет Бејл за репрезентацијата на Велс има одиграно 52 натпревари на кои постигнал 18 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива