Документите од хартија наскоро ќе заминат во историја
Документите од хартија наскоро ќе можат да бидат заменети со електронски кои ќе се добиваат само со неколку кликови. Секој граѓанин ќе може електронски да добива законски валидни документи од својот дом или секаде каде што се наоѓа, кои ќе бидат доставувани по електронска пошта и ќе бидат со еднаква вредност и важност како оние добиени на шалтер и во хартија. За оние граѓани што нема да можат да побараат услуги по електронски начин ќе постои и старата опција да ги добијат преку канцелариите за една точка на услуги и на другите шалтери на институциите кои нудат услуги, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Тоа, како што истакна на денешната прес-конференција, го овозможува усвојувањето на трите нови закони од страна на Владата – законот за централен регистар на население, законот за електронско управување и електронски услуги и законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.
-Основата на овој процес е новиот закон за централен регистар на население со кој се предвидува воспоставување на електронски регистар на население како единствена и во реално време ажурирана база на податоци за граѓаните, рече Маневски и додаде дека податоците во овој регистар ќе се добијат со спојување на податоците од МВР, Управата за водење на матични книги и Централниот регистар.
Во моментов, нагласи, се инсталираат хардверот и софтверот потребни за непречено функционирање на регистарот.
Со законот за електронско управување и електронски услуги се обезбедува ефикасно давање на услуги по електронски пат на основа на утврдени стандарди и процедури. Со него се воведува каталогот на услуги и новиот национален портал за електронски услуги. Каталогот ќе ги содржи сите потребни информации за сите услуги што ги нуди јавниот сектор, а преку порталот граѓаните ќе можат да добиваат зголемен број на услуги по електронски пат, рече Манчевски и додаде дека порталот ќе се надградува со зголемувањето на бројот на дигитализирани услуги.
Порталот, појасни, првпат обезбедува документи по електронски пат кои се подеднакво валидни како и хартиените документи. Инструкции за добивање услуги по електронски пат, граѓаните ќе можат да добијат во Салата за јавни услуги во Скопје и во останатите канцеларии во земјава наречени „Една точка за услуги“. Регистарот и порталот, потенцира, ќе станат функционални во рок од три месеци по донесувањето на законите во Собранието.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен