-->
-->
Два светски рекорда на Светското првенство во пливање на вториот ден
-->
Два светски рекорда беа поставени попледнево во финалните трки на СП во пливање во Казањ, додека денеска се поставени вкупно три светски рекорда заедно со еден во квалификациите (1.500 метри слободно Кејт Ледецки). На шампионатот се поставени вкупно четири светски рекорди сите во женска конкуренција.
Сара Сјостром од Шведска патеката на 100 метри пеперутка ја исплива за 55.64 секунди и за 10 стотонки го подобри рекордот поставен вчера. Среброто го освои Жанет Отесен од Данска, а бронзата Јинг Лу од Кина.
Светска рекордерка стана и Унгарката Катинка Хошу во дисциплината 200 метри мешано. Таа за три стотинки го собори рекордот на Американката Кукорс и имаше време 2:06.12. Второто место го освои Канако Ватанабе од Јапонија, а трета заврши Мари Сибом О‘Конор од Канада.
На 50 метри пеперитка кај мажите Флоран Манаду од Франција го освои златниот медал со време 22.97 секунди, среброто го освои Николас Сантош од Бразил, а бронзата Ласло Киш од Унгарија.
Британецот Адам Пити стана светски шампион на 100 метри градно со време 58.52 секунди. Втор заврши камерон Ван дер Бург од Јужна Африка, а трет Рос Мурдок од Велика Британија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка