-->
-->
Еуробаскет 2015: Организаторите во Загреб очекуваат над 1.500 Македонци
-->
Македонските кошаркари веќе се во Загреб каде в сабота ќе го започнат својот петти настап на Европските првенства.
Селекцијата предводена од Марјан Србиновски попладнево од 16 часот и 30 минути ќе го одржи првиот тренинг во загрепска „Арена’’.
Според најавите сите дванаесетмина репрезентативци вклучувајќи го и рековалесцентниот Ричард Хендрикс се очекува да се „запознаат„ со арената.
Во Загреб, еден од петте градови домаќини на Европскиот шампионат се е подготвено за успешна организација на натпреварите од Ц групата, во која Македонија за противници редоследно ќе ги има Грција, Холанија, домаќинот Хрватска , Грузија и Словенија.
Во силната конкуренција „црвено-жолтите„ ќе имаат течка задача, но не и нѐ остварлива, да се вбројат меѓу четирите првопласирани, со што ќе обезбедат пласман во следната „нокаут„ рунда. Според, новиот формат на натпреварување „нокаут’’ фазата ќе старува со осминафиналето.
За утре, предвидени се два тренинга на нашите репрезентативци, пред саботното „отварање„ со нашиот Јужен сосед (Грција) во терминот од 18 часот.
За овој меч, според неофицијалните информации од локалниот организационен комитет (ЛОК), односно, според бројот на продадени влезници за трибината резервирана за „Фалангата’’ се очекуваа околу 1.500 македонски навивачи.
Сепак, ова бројка неможе да ја земете за конечна, бидејќи, знаеме дека ќе има и многу македонски навивачи кои живејат и работат не само во Загреб, туку и низ цела Хрватска, истакнуваат од ЛОК.
Останува да видиме, дали и овојпат „Фалангата’’ ќе ја „окупира„ Хрватска, и безрезервно ќе им даде поддршка на македонските кошаркари, во уште еден обид за врвен спортски резултат, но и достоинствено презентирање на државата.
Од Загреб, Игор Трпески
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи