Гевгелија издвои 3,6 милиони евра за капитални проекти
Општина Гевгелија во изминатите четири години вложила повеќе од 3,6 милиони евра сопствени средства во изградба на капитални проекти со кои значително се подобрени инфраструктурата и услугите кон граѓаните, соопштија денеска од информативната служба на општина Гевгелија.
- Најголемиот дел од средствата наменети за реализација на овие проекти беа обезбедени од општинската каса. Од нив по 1,3 милиони евра беа инвестирани во новиот пазар и патната инфраструктура на граничниот премин „Богородица“, повеќе од половина милион евра беа потрошени за пробивање на Западниот булевар и уште половина милион евра беа инвестирани во новата автобуска станица и изградбата на заштитниот канал „Рауљ“, велат од секторот за односи со јавноста.
Согласно потпишаните договри, до крајот на оваа година треба да бидат предадени во употреба пречистителната станица и новиот водоснабдителен систем, проекти кои заедно тежат 11,4 милиони евра. Покрај ова веќе почна изградбата на „Конска брана“, а во тек е и тендерот за изградба на времената санитарна депонија за комунален отпад.
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам